Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека се подготвени до парламентот да достават измени на Изборниот законик со кои ќе нема техничка влада 100 дена пред избори со министри и заменици од опозицијата, а исто така порача и дека е подготвен да разговара за една изборна единица на којашто инсистираат малите партии
Предвремени парламентарни избори ќе нема и Христијан Мицкоски да прекине да опструира, порачуваат од СДСМ откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и денеска од Охрид побара предвремени избори.
„И за време на празници Христијан Мицкоски повторно ја покажува својата деструктивност. Мицкоски го интересираат само избори и како да се докопа до власт иако и граѓаните и целата јавност е против. Избори нема да има, парламентарното мнозинство е зголемено избрана е нова влада, Мицкоски да престане да опструира и да ја малтретира јавноста со неговите лични желби“,
велат од СДСМ.
Мицкоски во изјавата од Охрид претходно рече дека „оваа влада на ДУИ администрирана од Ковачевски се одржува на вештачки начин“.
Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена до парламентот да достави измени на Изборниот законик со кои ќе нема техничка влада 100 дена пред избори со министри и заменици од опозицијата, а исто така порача и дека е подготвен да разговара за една изборна единица на којашто инсистираат малите партии.