Состојбата со енергетиката во Македонија е катастрофа поради криминалот на власта. Домашното производство на струја е намалено, а неопходните количини граѓаните и стопанството скапо го плаќаат од увоз, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонските фирми сега плаќаат и до 800 евра за мегават-час, што е поскапо од сите компании во регионот, а енергетски капацитети во моќност од 400 до 500 мегавати стојат неискористени. Доколку власта домаќински и одговорно работеше ќе се спречеше покачувањето на цената на струјата во јули и немаше да дојде до најавеното ново покачување во декември. Но власта предводена од антимакедонската СДС реши да го полни џебот на трговците со струја и да прави милионски штети на буџетот.“
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата обвинуваат дека поради ваквото работење државните енергетски компании станале загубари, а поради високите цени граѓаните и стопанството се донесоа до питачки стап.
„За ваквата кражба која ја спроведува власта мора да има одговорност“
додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.