Пожарот во Прилепско е на местото викано „Маркова Чешма“, додека во општина Василево ниска вегетација гори во селото Нова Маала
До 18 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно седум пожари, од кои два и понатаму се активни, додека другите пет се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има на подрачјата на општините Прилеп и Василево, каде што гори ниска вегерација. Пожарот во Прилепско е на местото викано „Маркова Чешма“, додека во општина Василево ниска вегетација гори во селото Нова Маала.
Според ЦУК, пожар на депонија е изгаснат во струмичкото село Банско, а во општина Штип надлежните се справиле со огнот кај населбата „Св. Недела“, каде што гореле ниска вегетација и борова шума. Останатите пожари, кои се изгаснати, биле на териториите на општините Прилеп, Липково и Струга, каде горела ниска вегетација.
