Според порталот „Фактор“, Друштвото за производство, трговија и услуги „Преобразба“, кое добило дозвола од АВМУ да отвори телевизија, е во сопственост на владиката и митрополит преспанско-пелагониски Петар, кој под световното име Петар Каревски е основач и сопственик на друштвото
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) му одобрила на друштвото „Преобразба“ да отвори телевизиски канал кој ќе се емитува во Скопскиот Регион.
Според порталот „Фактор“, Друштвото за производство, трговија и услуги (ДПТУ) „Преобразба“ е во сопственост на владиката и митрополит преспанско-пелагониски Петар, кој под световното име Петар Каревски е основач и сопственик на друштвото.

Во дописот од АВМУ се наведува дека телевизијата, која преку кабелските оператори ќе се емитува во Скопје и околината, добила дозвола да емитува општ, претежно забавен формат на македонски јазик.