Во описот на случајот, се вели дека поради постоење сомнеж, возилото било селектирано од страна на мобилен тим за контрола и извршен е детален преглед при што во повеќе торби се најдени девизи
Царински службеници спречиле обид унгарски државјанин на граничниот премин „Табановце“ нелегално да внесе непријавени девизи во висина од 200 илјади евра, информираат од Царинската управа.

Во описот на случајот, се вели дека поради постоење сомнеж, возилото било селектирано од страна на мобилен тим за контрола и извршен е детален преглед при што во повеќе торби се најдени девизи.
Прво, помеѓу менувачот во ташна биле пронајдена црна платнена торбичка со девизи во вкупен износ од 65 000 евра.
Потоа, во понатамошниот тек на прегледот, во ранец кој се наоѓал на задното седиште била пронајдена мала црна торбичка која била покриена со компјутер во која имало 37 650 евра.
На крајот, во куфер сместен на задното седиште, меѓу гардеробата е пронајдена уште една црна торбичка со 97 350 евра.
Како што соопштија од Царина, од вкупно пронајдените непријавени пари во износ од 200 000 евра, на патникот му се вратени 10 000 евра согласно Законот за девизно работење.
Останатите 190 000 евра се задржани со Потврда за задржани средства.
Против сторителот, како што информираат од Царинската управа, е поднесена соодветна прекршочна пријава.
