Од пожарот се издигна густ црн чад, кој се гледаше од повеќе локации на Скопје
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопштија дека пожарот избувна во магацин за бои и лакови на булеварот „Александар Македонски“ број 67
Попладнево околу 17 часот избувна пожар во деловни простории сместени во кругот на поранешната фабрика „Железара“ во Скопје, информираат од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.

Во изјава за „360 степени“, командирот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, ја потврди информацијата за пожарот и посочи дека за кратко време е локализиран.
На терен интервенирале 20 пожарникари со девет противпожарни возила.
„Пожарот што избувна во повеќе деловни простории во кругот на поранешниот индустриски комплекс е локализиран. Причинета е материјална штета, но повеќе информации ќе ви соопшти полицијата која врши увид на местото на настанот“,
соопшти Томевски.
Од пожарот се издигна густ црн чад, кој се гледаше од повеќе локации на Скопје.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопштија дека пожарот избувна во магацин за бои и лакови на булеварот „Александар Македонски“ број 67.
„Пожарот сè уште се води како активен“,
велат оттаму.

