Рамковно вработените во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ќе се распоредуваат преку закон, соопшти Владата откако на вчерашната седница утврдила предлог-закон за преземање на административни службеници вработени преку Програмата за соодветна и правична застапеност.
Целта на овој закон е да се распоредат досега нераспоредените административни од Министерството за политички систем и односи меѓу заедница кое претходно беше Секретаријат за спроведување на Рамковниот договор.
Вработените преку Програмата за соодветна и правична застапеност, преку овој закон, ќе се распоредат во државните и органите на локалната власт агенции, фондови, јавни установи и претпријатија од областа на образованието, науката, здравството, културата, социјалната заштита, спортот итн.
Она што е познато од досега изнесените податоци е дека остануваат да се распоредат околу 1 300 лица вработени во Министерството за политички систем и односи меѓу заедници. Ваквата информација набргу по преземањето на функцијата, во септември ја сподели првиот човек на ова министерство, Артан Груби.