Владата на итна седница донела одлука за прогласување кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, главното жариште на коронавирус во земјава.
Заострувањето на мерките за тој регион доаѓа откако денеска уште четири жители на Дебар биле позитивни на тестот за коронавирус. Со тоа бројот на регистрирани случаи во земјава се искачи на 13, од кои 11 се од тој крај.
Официјална потврда на одлуките на Владата и на информациите за новозаразени се очекува по малку на прес-конференција на министрите Венко Филипче и Дамјан Манчевски.
Кризната состојба би значела забрана за влез и излез од подрачјето опфатено со мерките преку блокирање и контрола на приодите од страна на полицијата.
ОБНОВЕНО: Филипче потврди: Забрана за влез и излез од Дебар и Центар Жупа, четири нови случаи на коронавирус
*поврзана вест (ВО ЖИВО) Прес-конференција на министрите Филипче и Манчевски