Владата и локалните власти од Боговиње постигнаа согласност за изнаоѓање ефикасни правни механизми за надминување на актуелната ситуација со водоснабдувањето на селото Синичане и за поддршка од Владата за трајно решавање на прашањето со водоснабдувањето во општината.
Ова е заклучокот од денешната средба на премиерот Спасовски и министрите Нухиу, Димковски и Нуредини со градоначалникот на општината Боговиње, Албон Џемаили и со претставници на месните заедници на селата Синичане и Урвич на која, како што нагласуваат од Владата се отворила можност за решение кое што ќе биде во интерес на сите страни.
рече по средбата премиерот Спасовски.
„Право на пристап до вода има секој жител и со тоа нема водење политика. Владата е определена да најде решение и за актуелниот проблем со пристапноста до питка вода на жителите од село Синичане и за изнаоѓање трајно решение за снабдувањето со вода на селата во општината Боговиње. Ќе ги разгледаме правните и законски можности за ефикасно дејствување и во отворен дијалог со засегнатите жители, каков што е денешниот состанок“,