Владата информираше дека на иницијатива на премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе биде разрешен Зоран Иванов од функцијата претседател и член на надзорниот одбор на Медиумската информативна агенција (МИА.
Причината е ширење на говор на омраза кон Бугарија.
„На иницијатива на премиерот Зоран Заев и на министерот за надворешни работи, Бујар Османи поведена е постапка за разрешување на Зоран Иванов од функцијата претседател и член на Надзорен одбор на Медиумската информативна агенција (МИА) поради недолична јавна комуникација и ширење говор на омраза кон владини претставници на соседот Република Бугарија“,
соопштија од Владата.