Ова, како што додаваат од Владата, ќе обезбеди можности за финансирање на проектите кај сите компании, институции и граѓански организации кои ќе аплицираат со проекти за дигитализација на повиците во рамки на Програмата Дигитална Европа
Дополнително, Владата информира дека на денешната седница е усвоена и Информацијата за нацрт-концептот на даночни реформи, согласно Стратегијата за реформа на даночниот систем (2021-2025)
Владата на денешната седница ја усвои Информацијата пристапување на Република Северна Македонија кон програмата Дигитална Европа – Digital Europe (DIGITAL), подготвена од Министерството за информатичко општество и администрација.
Со усвојување на оваа информација, посочуваат од владината прес-служба, Владата го започнува процесот на преговори со Европската комисија за учество во програмата DIGITAL. Ова, како што додаваат оттаму, ќе обезбеди можности за финансирање на проектите кај сите компании, институции и граѓански организации кои ќе аплицираат со проекти за дигитализација на повиците во рамки на Програмата.
„Програмата DIGITAL, претставува нова програма на Европската Унија насочена кон приближување на дигиталните технологии кон бизнисите, граѓаните и јавната администрација, како клучни чекори кон унапредување на живеењето и работењето, особено кога пандемијата со ковид-19 ни покажа колку е важен развојот и познавањето на технологијата, како и колку е важно Европа да не зависи од системи и решенија кои доаѓаат од други региони во светот. Обезбедува стратешко финансирање поддржувајќи проекти во пет клучни области на капацитет: суперкомпјутери, вештачка интелигенција, сајбер безбедност, напредни дигитални вештини и обезбедување широка употреба на дигитални технологии низ економијата и општеството, вклучително и преку дигиталните иновациски хабови“,
посочуваат од Владата.
Целта на Програмата, како што истакнуваат од Владата, е економското закрепнување и обликување на дигиталната трансформација на европското општество и економија, носејќи придобивки за сите, особено за малите и средни претпријатија.
„Членки во програмата се сите ЕУ-земји, дополнително, членки се и сите земји од Европската Економска Заедница, а постои можност и за покажување интерес и членство и на земји кандидати, како и на земјите од програмите за добрососедство“,
додаваат оттаму.
Дополнително, Владата информира дека на денешната седница е усвоена и Информацијата за нацрт-концептот на даночни реформи, согласно Стратегијата за реформа на даночниот систем (2021-2025).
„Во рамки на Стратегијата се дефинирани пет приоритети за креаторите на даночната политика и органите кои ги администрираат јавните приходи: поголема праведност во оданочувањето; поголема ефикасност и ефективност на даночниот систем за подобра наплата на приходите; зголемена даночна транспарентност; подобар квалитет на услугите, и воведување на еколошко („зелено“) оданочување“,
се наведува во владиното соопштение.