Заклучокот со кој „Куршумли ан“ се прогласува за културно наследство од особено значење, како што појасни владиниот портпарол Хоџа, бил донесен на предлог на Управата за заштита на културно наследство
Владата, на денешната седница, меѓу другото, донесе Заклучок со кој „Куршумли ан“ се прогласува за културно наследство од особено значење.
„Со оваа одлука се овозможува трајно зачувување на анот во изворна состојба, ширење на вредностите и значењето на ‘Куршумли ан’“,
рече владиниот портпарол Муамет Хоџа.
Заклучокот, како што појасни Хоџа, бил донесен на предлог на Управата за заштита на културно наследство.