Владата посочува и дека стоковните резерви на основните производи, како што се пченица, пченка, јачмен, сончогледово масло, нафтени деривати и другите производи, ги има во доволни количини и нема потреба од дополнителна интервенција
Според владина одлука, во земјава се ограничува извозот на пченица, јачмен, пченка, брашно од пченица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед, а одлуката како што велат од Владата е превенција за „избегнување шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните“.
Во образложението за оваа одлука, Владата напоменува дека во земјава има доволно количини на пченица и пченка во приватните млинови, кои се различни од стоковните резерви.
„Тука станува збор за количини за покривање на домашните потреби, односно во млиновите во земјата има преку 50 000 тони резерви од пченица, преку 10 000 тони пченка и над 8 000 тони јачмен, што се должи и на растот на домашното производство на пченица од 195 илјади тони во 2017 година, на 253 илјади тони во 2021 година“,
се наведува во соопштението.
Владата посочува и дека стоковните резерви на основните производи, како што се пченица, пченка, јачмен, сончогледово масло, нафтени деривати и другите производи, ги има во доволни количини и нема потреба од дополнителна интервенција.