Владата ќе обезбеди парична помош за покривање 30 отсто од штетите во општина Ресен настаните по елементарните непогоди.
Министерството за финансии треба да подготви Одлука за одобрување средства од Буџетот на државата, а Општина Ресен во рок од 30 дена од добивање на средствата треба да достави Извештај за нивна распределба до Владата и до Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата од елементарни непогоди.
Владата на денешната седница го усвои предлогот од Комисијата дека штетите во Општина Македонски Брод не се од поголем обем.