Со секоја промена на режимот на движење и на полицискиот час, компаниите повеќе нема да треба да издаваат нови дозволи за движење на работниците до работните места, туку ќе важат веќе издадените дозволи.
„Кризниот штаб донесе одлука со која се продолжува важноста на веќе издадените дозволи за движење за време на полициски час на работниците. Со последната одлука работодавачите немаат повеќе обврска да го менуваат датумот и временскиот период во образецот“,
велат од Владата.
Овие дозволи, компаниите ги издаваат на пропишан образец од страна на Владата. За нив, нема потреба да бидат заверени и потврдени од МВР.
Во дозволата се наведуваат основните податоци за работникот, адресата на живеење, но и работното место и називот на компанијата во која работи. При тоа, се наведува и смената во која е ангажиран работникот.