Од Министерството за животна средина најавуваат дека по спроведување на сите претходни подготвителни постапки, во најскоро време ќе следува тендерска постапка за избор на изведувач и започнување на изведбените работи за реализација проектите
На денешната седница Владата, на предлог на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, усвои информацијата за повеќегодишната јавна набавка за финансирање на активностите за изградба на фекална канализација во населено место Страчинце, Општина Гази Баба, информацијата за финансирање на активностите на проектот – Регулација на дел од одводен канал во населено место Арачиново, Општина Арачиново, како и информација за финансирање на активности за реконструкција на системот за водоснабдување во Богданци.
Како што соопштија од МЖСПП, овие проекти се дел од инвестиционата програма на Министерството, во делот за финансирање на проекти за водоснабдување и изградба на примарна и секундарна канализација, и се во согласност со стратегиските приоритети за развивање на современа и функционална водоводна инфраструктура, заштита на животната средина и подигање на степенот на социјален развој и квалитет на живот во сите општини во нашата држава.
Од Министерството најавуваат дека по спроведување на сите претходни подготвителни постапки, во најскоро време ќе следи тендерска постапка за избор на изведувач и започнување на изведбените работи за реализација на гореспоменатите проекти.