Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи завршил во изолација откако имал контакт со заразен со ковид-19.
„Поради контакт со позитивно лице, во следните неколку дена влегувам во самоизолација, после што ќе направам тест. Во моментов немам никакви симптоми и се чувствувам одлично. Ова ги менува моите секојдневни обврски и планови кои ги имав за наредните денови, се извинувам за сите откажувања на гостувања, состаноци и планирани средби“,
напиша Битиќи на социјалните мрежи.
Пред извесно врееме, во изолација замина и министерката за култура Ирена Стефоска.