Ирена Стефоска, новата министерка за култура, од денеска е во изолација откако член на нејзиниот кабинет е заразен со ковид-19.
Стефоска објави на Фејсбук дека ќе биде во изолација и дека од дома ќе ги извршува министерските обврски додека ги чека резултатите од тестирањето.