Мерките што ги донесе Владата ќе важат во следните четири дена
Тополотниот бран што се најавува дека ќе ја зафати земјава од утре во земјава ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.
Поради топлотниот бран, Владата на денешната седница донесе препораки според кои, во следните четири дена, бремените жени и лицата на возраст над 60 години се ослободени од работните обврски, децата во градинките не смеат да имаат физички активности од 11:00 до 17:00 часот, приватниот сектор треба да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, а се препорачува и избегнување престој на отворено од 11:00 до 17:00 часот.
Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран, да им даваат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.
Согласно овие препораки, Владата донесе заклучоци државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките.
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат дека под влијание на топол бран утре ќе се задржи сончево и многу топло време, во поголемиот дел од земјава со температури над 35 Целзиусови степени, а на некои места таа ќе надмине и над 40 Целзиусови степени.