Американската мултинационална компанија за платежни услуги „Visa“ објави дека ги прекинува операциите во Русија.
Трансакциите со Виза картички ќе бидат суспендирани во следните неколку дена, соопшти компанијата.
Виза-картичките издадени во Русија нема да функционираат надвор од земјата, а оние издадени од странски финансиски институции нема да бидат употребливи во Русија.
Истото важи и за Мастеркард.