Две малолетни деца од кои едно на осум а друго на 11-годишна возраст се дел од жртвите во масакрот кој денеска се случи во црногорско Цетиње во кој загинаа 11 лица, а меѓу кои е и 34-годишниот напаѓач Вук Бориловиќ. Дежурната обвинителка Андријана Настиќ посочи дека напаѓачот бил убиен од негов сограѓанин, а според информациите на „Вијести“, се работи за Цетињенецот Н.К.
По денешниот масакар во црногорско Цетиње во кое настрадаа 11 лица заедно со напаѓачот, директорот на полициската управа Зоран Брѓанин изјави дека во традегијата загинале и две деца на возраст од осум и 11 години, јавува „Вјести“.
Брѓанин потврди дека, според засега познатите информации, 34-годишниот Вук Бориловиќ со ловечка пушка пукал во семејство, чии членови престојувале во становите од неговата куќа како потстанари.
„Во таа прилика, со употреба на огнено оружје – ловечка пушка, им ги одзел животите на две деца, едното на возраст од осум, а другото 11 години, а ја повредил нивната мајка, која на повредите им подлегнала во медицинска установа. Потоа излегол и со истото огнено оружје пукал кон жителите на населбата, при што им ги одзел животите на уште седум лица, а ранил шест“,
вели директорот на полициската управа, Зоран Брѓанин.
На повик на граѓаните на местото на настанот се испратени полициски службеници, а во таа прилика во размената на оган еден полициски службеник е тешко ранет.
„Засега не е јасно што го нарерало В.Б да направи ваков грозоморен чин, по што и самиот бил лишен од животот“,
посочи Брѓанин, додавајќи дека се уште се утврдуваат околностите на целиот настан, вклучително и одземањето на животот на напаѓачот.
Во меѓувреме, дежурната обвинителка Андријана Настиќ посочи дека напаѓачот бил убиен од негов сограѓанин, а според информациите на „Вијести“, се работи за цетињенецот Н.К.
Како што изјави обвинителката Настиќ, во Клиничкиот центар на Црна Гора биле примени четири лица, а две во Цетиње. Во меѓувреме, „Вјести“ објави дека од Клиничкиот центар на Црна Гора добиле информација дека уште две лица им подлегнале на повредите.
Триесет и четиригодишниот Вук Бориловиќ денеска во Цетиње уби 10 луѓе, а потоа беше убиен. Повикувајќи се на очевидци, ТВ Вијести објави дека напаѓачот прво ги убил соседката и нејзините деца, по што му се јавил на сопругот на убиената и му кажал што направил.
Потоа, според истите извори, тој продолжил со нападот, пукајќи во соседите и минувачите.
Поради трагедијата што денеска се случи во Цетиње, Владата во Црна Гора прогласи тридневна жалост. Согласно владината одлука, денови на жалост се сабота, недела и понеделник, односно 13, 14 и 15 август 2022 година.