Војната во Украина ќе биде една од клучните теми на Самитот на НАТО оваа недела во Турција, каде што се очекува средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот Володимир Зеленски
„Од клучно значење е светот, пред се САД и Европските партнери да излезат од Самитот на НАТО со силни одлуки за поддршка на нашата воздушна одбрана. САД и Европа имаат доволно сила да го спречат овој терор“, порача украинскиот претседател на Икс
Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати апел до сојузниците во НАТО да ја засилат воената помош за Украина по масовниот руски напад врз Киев и околниот регион, што доаѓа во пресрет на клучниот Самит на Алијансата во Анкара.
Во нападот, според најновите податоци, загинаа најмалку 11 лица, а повеќе од 70 се повредени. Руските сили во текот на ноќта лансираа 68 ракети и 351 беспилотно летало, при што оштетувања се регистрирани на повеќе од десет локации во украинската престолнина.

Зеленски изјави дека украинската противвоздушна одбрана успешно пресретнала дел од беспилотните летала и крстосувачките ракети, но не и балистичките проектили.
„Нашите војници не можеа да се спротивстават на балистичките ракети“,
рече Зеленски, додавајќи дека причината е недоволното снабдување со пресретнувачки ракети.
Last night, Kyiv came under a massive Russian attack. Russia launched 68 missiles and 351 attack drones. Response efforts are still underway. Damage has been recorded at more than 10 locations across the city, including residential buildings. All necessary services are on the… pic.twitter.com/101XvDDYs1
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) July 6, 2026
Предупреди дека доцнењето во испораката на системи за противвоздушна одбрана директно ја зголемува ранливоста на цивилните цели.
Во обраќање поврзано со претстојниот самит на НАТО, Зеленски ги повика САД и европските сојузници да донесат конкретни одлуки за зајакнување на украинската воздушна одбрана.
„Од клучно значење е светот, пред се САД и Европските партнери да излезат од Самитот на НАТО со силни одлуки за поддршка на нашата воздушна одбрана. САД и Европа имаат доволно сила да го спречат овој терор“,
напиша Зеленски на Икс.
Во Киев и поширокиот регион спасувачките служби продолжуваат со извлекување на преживеани од урнатините.
Војната во Украна една од темите на Самитот на НАТО
Војната во Украина ќе биде една од клучните теми на Самитот на НАТО оваа недела во Турција, каде што се очекува средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот Володимир Зеленски.
Двајцата лидери разговарале телефонски во саботата, а според информации од руските власти, Трамп во неделата имал и одделен разговор со рускиот претседател Владимир Путин, во кој повторно понудил посредување за завршување на конфликтот.
И покрај претходните најави дека ќе стави крај на војната „во рок од 24 часа“, администрацијата на Трамп сè уште не успеала да постигне напредок кон мировно решение меѓу Москва и Киев.
Во пресрет на самитот, Зеленски апелираше до сојузниците во НАТО да ја засилат воената помош, особено преку испорака на ракети за системите „патриот“, кои, како што посочи, се клучни за одбрана од балистички напади.
Недостигот на пресретнувачки ракети бил причина украинската противвоздушна одбрана да не може целосно да ги неутрализира балистичките ракети во последните напади.
Истовремено, Украина ги засили нападите врз инфраструктурни цели длабоко на руска територија, вклучувајќи енергетски и воени објекти, додека руските власти соопштија дека нивната противвоздушна одбрана соборила стотици украински беспилотни летала.
