До мене стигнаа документи од анализи на Државната фитосанитарна лабораторија при увоз на зеленчук во Македонија од Албанија, од кои се гледа присуство на пестициди повеќе од дозволеното. Ова се документи од МЗШВ, од државната фитосанитарна лабораторија, со документ и печат на институцијата заведени со број 10802-409/2 и 10802-372/2, од кои јасно се гледа дека Државната фитосанитарна лабораторија направила анализа на увезена краставица и домат за утврдување на присуство на пестициди, изјави Цветан Трипуновски
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и министерот Љупчо Николовски дозволиле увоз на зеленчук од Албанија со поголемо ниво на пестициди од дозволеното, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ од каде што објавија документи за кои тврдат дека содржат анализи од Државната фитосанитарна лабораторија.
„Откако го урнисаа македонското земјоделство и го направија увозно зависно, почнаа да увезуваат отровен зеленчук од соседството. До мене стигнаа документи од анализи на Државната фитосанитарна лабораторија при увоз на зеленчук во Македонија од Албанија, од кои се гледа присуство на пестициди повеќе од дозволеното. Ова се документи од МЗШВ, од државната фитосанитарна лабораторија, со документ и печат на институцијата заведени со број 10802-409/2 и 10802-372/2, од кои јасно се гледа дека Државната фитосанитарна лабораторија направила анализа на увезена краставица и домат за утврдување на присуство на пестициди. Наодот од анализата утврдува присуство на пестициди над дозволената граница“,
изјави на прес-конференција Цветан Трипуновски, претседател на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакна тој, неколку камиони со отровен зеленчук биле влезени во Македонија и пуштени во промет.
Трипуновски го повика Јавното обвинителство веднаш да реагира.
„Немаме време за комисии, работни тела и инспекции, потребни се итни мерки, брзи истраги и одговорност. Овој штетен зеленчук може да завршил на пазарите во Скопје, Тетово, Кавадарци, Гостивар, Штип, Велес, буквално низ целата територија на Република Македонија. Колку треба да биде профитот на некој поединец за да се дозволи труење на сопствените граѓани од страна на власта? Ваква операција на труење на сопствените граѓани не може да се спроведе без знаење на Љупчо Николовски и Николче Бабовски. Бараме веднаш одговор и одговорност од директорот Николче Бабовски и министерот Љупчо Николовски.
изјави Трипуновски.
Оставки за овој скандал мора да има. Истовремено, барам веднаш да се отвори истрага против Љупчо Николовски, како и за сите вмешани во процедурите за испитување при увоз на храна“,
Доколку ЈО го премолчи и ова, нагласи тој, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ уште во првиот ден од преземањето на власта ќе отвори постапка и ќе изврши истрага кој и зошто дозволил македонските граѓани да консумираат небезбедна храна.