Во едниот хеликоптер имало седум членови на екипажот, а во другиот тројца. Едниот паднал на скалите на базниот стадион Лумут, додека другиот паднал во базенот на спортскиот комплекс на базата
Два хеликоптери на кралската малезиска морнарица се судриле за време на воена проба за прослава на 90-годишнината на морнарицата, а десет лица загинале во инцидентот.
На видеата кои ја снимаат воената вежба на морнарицата се гледа како еден од хеликоптерите му го откинал роторот на другиот, а потоа и двата хеликоптери се урнале на земјата. Инцидентот се случил во малезискиот град Лумут, каде што се наоѓа базата на морнарицата.
„Потврдена е смрт на сите жртви, а нивните останки се испратени во воена болница за идентификација“,
стои во соопштението на Кралската малезиска морнарица.
BREAKING: 2 military helicopters crash after mid-air collision in Malaysia, killing all 10 people on board pic.twitter.com/4afNggr0x9
— BNO News (@BNONews) April 23, 2024
Оттаму велат дека ќе се формира комисија која ќе ги истражи причините за инцидентот.
Во едниот хеликоптер имало седум члена на екипажот, а во другиот тројца. Едниот паднал на скалите на стадионот „Лумут“, додека другиот паднал во базенот на спортскиот комплекс на базата.
Two military helicopters collided into each other in midair in Lumut, Malaysia.
— FL360aero (@fl360aero) April 23, 2024
The Perak fire and rescue department has confirmed that 10 people died after two Royal Malaysian Navy helicopters collided and crashed in Lumut, Perak.
Royal Malaysian Navy has confirmed that two… pic.twitter.com/XhWdCrM1G0
Во март хеликоптер на малезиската крајбрежна стража се урна во морето кај малезискиот остров Ангса за време на тренинг лет.