Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 25 јануари 2022 г. на ТВ Алсат, во кое, меѓу другото, објавуваме за одлуката на Бугарската национална телевизија (БНТ) да не го емитува документарниот филм „Само затоа што беа Бугари“, во кој се пренесуваат сведоштва за убиства на Бугари во Македонија кон крајот на Втората светска војна, иако го најавуваше речиси цел ден
Во емисијата објавуваме:
– Најголемата судница во државава, промовирана во 2020 г., сè уште не функционира – Владата никако да купи мебел. Од ЕУ, со чии пари е изграден објектот, со дипломатски укор – знаеме дека ковид-19 одложи многу активности, но ќе беше добро досега да проработеше;
– Реформата од 2019 г. тројно ја зголеми социјалната помош, но дали успева да ги извлечи примателите од „магичниот круг“ на сиромаштијата? Што недостига за вработување на социјално загрозените граѓани и зошто сè уште одбираат да работат „на црно“;
– Скопје во очите на урбанист што не живее овде: Сè е подредено на автомобилите, тешко на пешаците – вели бугарскиот архитект Љубо Георгиев, еден од авторите на „Визија за Софија“;
– Интервју со министерот Бујар Османи пред заедничката седница на владите на Бугарија и на Северна Македонија;
– „Саботажа“.