Пожарот избувнал во селото Петриес во центарот на островот во понеделникот околу 15 часот и поради силниот ветер брзо се проширил. Денеска пожарот го гаснат околу 200 пожарникари со помош на 13 канадери и шест хеликоптери, а подготвен е и брод на крајбрежната стража за можна евакуација по море
Повеќе од 200 пожарникари со помош на хеликоптери и канадери втор ден по ред гасат шумски пожар на вториот по големина грчки остров Евија, поради што е наредена евакуација на две села, соопштија властите.
Пожарот избувнал во селото Петриес во центарот на островот во понеделникот околу 15 часот и поради силниот ветер брзо се проширил. Денеска пожарот го гаснат околу 200 пожарникари со помош на 13 канадери и шест хеликоптери, а подготвен е и брод на крајбрежната стража за можна евакуација по море.
WILDFIRE NEWS 🔥 GREECE 🇬🇷
— Kristy Tallman (@KristyTallman) July 29, 2024
Uncontrollable fire in Petries of Evia, Greece 29-7-24.
🎥 Video: Kwstas Stamatiou #Wildfire #EviaFire #FireSafety #EmergencyResponse #StaySafe #FireAlert #CommunitySafety #GreeceFire #WildfireSeason #DisasterResponse #Firefighters pic.twitter.com/nff5oeOXkI
И покрај големите напори, состојбата на Евија денеска е подобра, но ветерот ги разгорува изгорените површини што тлеат, а ризикот од пожар се уште е зголемен, предупредува министерот за цивилна заштита Василис Кикилијас.
Пожарите во Грција зачестија во последните години во текот на топлите и суви летни месеци. Минатата година во Грција избувнаа повеќе од 8 000 пожари.
Премиерот Кирјакос Мицотакис изјави дека Грција повторно се соочува со „тешко лето“ во однос на климатските услови и предупреди дека следи август и оти земјата мора да остане на готовност.
Неколку стотици шумски пожари избувнаа во Грција од мај. Во 2021 година, Евија се соочи со разорен пожар кој претвори во пепел 46 500 хектари земја.