Демонстрантите пред Собранието фрлаа факели и шишиња кон полицијата, која потоа ги растури од областа
Припадниците на полицијата ја контролираат состојбата на неколку пунктови во центарот на Белград, во поширокото подрачје околу српскиот парламент, откако со „жив штит“ ги потиснаа демонстрантите, поставувајќи кордони и оклопни возила на крстосниците во централните делови на градот.
Околу 22 часот во градот има некакво затишје, но атмосферата е напната, и мала искра е доволна за ситуацијата повторно да ескалира.
Групите демонстранти кои стојат наспроти полициските кордони се составени од многу млади луѓе.
Претходно, демонстрантите пред Собранието фрлаа факели и шишиња кон полицијата, која потоа ги растури од областа.
Во турканиците интервенираше и Брзата помош, бидејќи во стампедата има и неколку повредени.
Српското Министерството за внатрешни работи вечерва излезе со сооштение дека полицијата во расчистувањрто на ситуацијата пред собранието не употребила солзавец, наспроти наводите на дел од медиумите дека „од фрлениот солзавец се задушувале и демонстрантите и полицајците“.