Во Белград, пак, група демонстранти пред српскиот парламент, наводно, го нападнале лидерот на Движењето на слободни граѓани Сергеј Трифуновиќ
Протестите што синоќа почнаа во Белград се проширија и во други градови во Србија.
Вечерва, на протест во Нови Сад се каменувани просториите на Српската напредна странка на Александар Вучиќ, а, како што јавува Н1, дошло и до вербален и физички судир со човек кој излегол од седиштето на партијата и се обидел да ги спречи демонстрантите во обидот да го демолираат штабот.
Колоната од демонстранти се движи кон центарот на градот, кон покраинската Влада. Присутните фрлале различни предмети на РТВ во Нови Сад и скршиле стакло, при што е повредено и едно момче.
Во Белград, пак, демонстрантите повторно се собираат пред Собранието на Србија, а протести имаше и пред Филозофскиот факултет.
Група демонстранти пред српскиот парламент, наводно, го нападнале лидерот на Движењето на слободни граѓани, Сергеј Трифуновиќ, пренесоа дел од медиумите кои известуваат од настанот .
„Слушнав дека некои од тие лица кои се таму, некои велат дека се луѓе од протестот, некои дека се навивачи на некои клубови, го нападнале Сергеј, додека се движел и дека го удриле“,
изјави Драган Ѓилас.
Двајца репортери на Н1 го виделе стампедото, но не можат да потврдат дека групата го бркала Трифуновиќ.