Петнаесетгодишнината од референдумот со кој Црна Гора се оддели од Србија, денеска се одбележува на повеќе локации во Цетиње
Најголемото црногорско знаме, кое треба да биде подигнато вечерва во Цетиње, каде денес се слави Денот на независноста на Црна Гора, е искинато за време на генералната проба.
Како што може да забележи од снимките што ги објавија тамошни знамето е искинато на бандера додека го креваат од земја. Екипа што работи на шиење е итно испратена на местото на настанот, за сè да биде подготвено за церемонијата.
Денот на независноста, односно 15-годишнината од референдумот со кој Црна Гора се оддели од Србија, денеска се одбележува на повеќе локации во Цетиње, за што во градот, покрај тамошните жители, пристигна илјадници Црногорци од сите делови во земјата. Дел од медиумите во Црна Гора јавуваат дека со собирите се нарушени епидемиолошките мерки