Немири избувнаа во градовите и населените места минатата недела откако три девојчиња беа убиени во напад со нож во Саутпорт, северозападна Англија, а досега се уапсени 420 лица
Британскиот премиер Кир Стармер денеска ќе одржи итен состанок со полициските началници по насилните антиимигрантски протести кои се интензивираа во последните денови, при што беа подметнати пожари во згради, возила и хотели во кои се сместени барателите на азил.
Немири избувнаа во градовите и населените места минатата недела откако три девојчиња беа убиени во напад со нож во Саутпорт, северозападна Англија, а досега се уапсени 420 лица.
Убиствата веднаш беа искористени од антиимигрантски и антимуслимански групи. Набргу по нападот, на интернет се проширија дезинформации дека осомничениот напаѓач е радикален исламист кој штотуку пристигнал во Британија. Но, полицијата соопшти дека осомничениот е роден во Британија и дека случајот не се третира како терористички инцидент.
Министерката за внатрешни работи Ивет Купер рече дека инцидентот ги охрабрил групите да поттикнуваат расна омраза, што доведе до тоа нивните членови да фрлаат тули врз полицајците, да ограбуваат продавници и да напаѓаат џамии.
Never forget those racist politicians & media headlines which fuelled this pogrom of hate – In 2024 🇬🇧 racist thugs are setting fire to the Holiday Inn in #Rotherham, housing terrified asylum seekers- What does this have to do with murdered children- Alica, Bebe, Elsie?💔💔💔 pic.twitter.com/RVh5ikC3Ii
— Aamer Anwar✊🏾🏳️🌈#BlackLivesMatter (@AamerAnwar) August 4, 2024
Во текот на викендот избувнаа немири во Ливерпул, Бристол, Тамворт, Мидлсброу и Белфаст во Северна Ирска. Таму повеќето од демонстрантите ги покриле главите со фантомки и биле нагрнати со британски знамиња.
Повеќето од нив фрлале камења извикувајќи „Стоп за чамците“, мислејќи на мигрантите кои во последните години пристигнуваат во Британија од јужниот брег на земјата. Во Ротерам, северна Англија, демонстрантите се обиделе да упаднат во хотел во кој се сместени барателите на азил.
Во неделата Стармер вети дека антиимигрантските и исламофобични насилници ќе зажалат за своите постапки.
„Гарантирам дека ќе зажалите што учествувавте во овие немири или директно или преку нивно поттикнување на интернет“,
рече шефот на лабуристичката влада која дојде на власт пред само еден месец.
Тој вети дека неговата влада ќе стори сè што е потребно за да ги изведе овие насилници пред лицето на правдата што е можно поскоро.