Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, се емитува вечерва (8 јуни 2026 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во петокот во Тиват, Црна Гора, се одржа самит Европска Унија – Западен Балкан, а в среда во Софија, Бугарија, ќе се одржи самит во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Во Тиват премиерот Христијан Мицкоски имаше средби со германскиот канцелар Мерц и францускиот претседател Макрон по изрази задоволство од слушнатото, а во Софија можна е средба на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со бугаската колешка Илијана Јотова. Меѓу двата настана, во „360 степени“ на МРТ 1 гостува шефицата на државата. Разговараме за нон-пејперот на Мерц и Макрон, полезноста за Македонија, какви гаранции бара власта од ЕУ, како претседателката го чита протоколот два… Теми се и најавеното спојување на АНБ и АР, новата тура амбасадори, случајот со сомнежите за упад во компјутерскиот систем во кабинетот.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.
