Првото издание на емисијата „360 степени” од новата сезона, во кое гостува министерот за социјална политика Ѓоко Велковски, се емитува вечерва (14 септември 2026 г.) од 20:30 часот на МРТ 1
Почнува нова сезона на емисијата „360 степени“. Ќе нè гледате на МРТ 1 секои понеделник и четврток од 20:30 ч. Вечерва – какви пензии да очекуваме и колку се сигурни парите што ги издвојуваме за старост? Првите 147 пензионери што добиваат пензија и од вториот столб отворија уште посуштинско прашање: дали системот ги исполнува очекувањата или му треба ремонт? Зошто власта остави простор да се зборува и за укинување на вториот столб? Што навистина подготвува сега и што ќе значи тоа за идните пензионери? Во емисијата ќе го слушнеме Маријан Николовски од Асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови. А за денешните одлуки и утрешните пензии, во студиото разговараме со министерот за социјална политика Ѓоко Велковски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ.
Емисијата се емитува од 20:30 ч. на МРТ 1.
