Новото издание на информативно-аналитичкиот магазин „360 степени” се емитува вечерва (4 јуни 2026 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Теми за ова издание:
– по историскиот апсолутен минимум измерен во ноември минатата година, нивото на водата во Преспанското Езеро континуирано расте во изминатите неколку месеци – репортажа;
– Министерството за здравство не ги прифати барањата за промени во техничката спецификација на тендерот за сто амбулантни возила, па пристигнаа само две понуди – од „Аутомотив груп“ и од Занаетчија „Електромеханичарски дуќан А.Ц.Е. Цветко Гоговски“; најави за жалби до второстепената комисија;
– како патриотските наративи на македонски и на албански јазик по социјалните мрежи и медиумите понекогаш имаат заеднички именител – невидливата намера на тој што ги произведува и шири да создава раздор во општеството или со соседите, во функција на држави од регионот или пошироко;
– колку троши Македонија во секторот образование и колку ефикасно – анализа преку магистерскиот труд на Александар Николовски;
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.
