Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (12 декември 2024 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание на емисијата објавуваме:
– Како се одвиваа настаните поради кои судијата Енвер Беџети и поранешниот прв вицепремиер и функционер на ДУИ, Артан Груби, завршија на американската црна листа – хронологија на случај;
– Од истражување на ИРЛ, преку обид за подмитување на новинарите, до истрага на јавното обвинителство под кодно име „Адитив“ – детали за случајот во кој приватна фирма на два наместени тендера им продала адитиви на државните електрани по цена четирипати повисока од пазарната;
– За обврските од Реформската агенда од Планот на ЕУ за раст на Западен Балкан во секторот управување со јавните финансии и реформа на јавната администрација од чие исполнување зависат 111 од ветените 750 милиони евра – анализа;
– Жените, изборите, рекламите и порталите – истражување;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.