Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (14 март 2024 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание објавуваме:
– Договор се уште не е потпишан, дополнително ќе информираме за чекорите што ќе бидат преземени согласно позитивната законска регулатива – велат од Министерството за здравство откако објавивме дека ќе купуваат амбулантни возила по цена од 90 000 евра, иако Делегацијата на ЕУ неодамна купи по 63 400 евра;
– Одлуки за концентрација на јавни пари во медиумите пред двојните избори – анализа;
– Запре ли праксата на мрачни улици ноќе во Скопје воспоставена среде енергетската криза – репортажа од терен;
– Што значи најавата на Комисијата за спречување и заштита од дискиминација (КСЗД) дека засилено ќе го мониторира вознемирувачкиот говор во медиумскиот простор за време на предизборните кампањи – интервју со претседателот на КСЗД, Игор Јадровски;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.