Новото дебатно издание на емисијата „360 степени”, во кое гостува Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања и потпретседател на СДСМ, се емитува вечерва (11 март 2024 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Што значи надолната корекција на проекцијата за раст на германската економија од 1,3 % на 0,2 % во 2024 г. за македонската економија – е влезната тема во интервјуто со Фатмир Битиќи, кој гостува во новото издание на „360 степени“ на МРТ 1. Германија е убедливо најголемиот трговски партнер на земјава каде лани завршиле 44 % од вкупниот извоз, а во јануари оваа година се извезени стоки во износ од 225 милиони евра во споредба со 270 милиони во јануари минатата година. Вицепремиерот за економски прашања го прашуваме и колкав е ризикот цените на храната повторно да се вивнат додека се чека да биде донесен, а потоа и да профункционира законот за забрана на нефер трговски практики, како и зошто ја откажа посетата на маркетите најавена за изминатиот викенд. Разговараме и за предлог-законите за стратешки инвестии со фокус на оној што крена најмногу прашина – за изградба на когенеративна гасна централа од грчки „Митилинеос“ во скопска Гази Баба. Ако формулата е егзактна, како пресметките за цената на струјата што државата би се обврзала да ја откупува од „Митилинеос“ – на некои универзитетски професори и на власта – толку многу се разликуваат, е едно од прашањата до Битиќи. Го прашуваме и што ќе биде главната економска понуда на СДСМ за изборите, а го отвораме и случајот со невладината „Неимар-13“ кој го обелоденија колегите од БИРН.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.