Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (27 јуни 2024 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание на емисијата објавуваме:
– Дали тоа што проблемот го снема во медиумите, значи и дека мечките веќе не се симнуваат меѓу луѓето во Жировница – репортажа;
– Владата е децидна дека нема намера да го отвора Уставот заради внесување на Бугарите, но во владината програма пишува дека највисокиот правен акт ќе се отвора за неколку други прашања – ја има ли ВМРО-ДПМНЕ согласноста на коалициските партнери;
– Дали управното судство смета дека Собранието може да избере и агроном за член на Судскиот совет и за тоа да нема судска контрола; универзитетскиот професор Денис Прешова вели: Уште пет пати да се распушти Судскиот совет, со вакви судии и судска култура, ништо нема да се смени;
– Неколкумина млади во стан во Аеродром решија Скопје да го претворат во епицентар на епска битка меѓу агресивните вонземјани и исцрпените земјани – дознајте за глобалната амбиција на видеоиграта „Скопје 83“;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.