Новото дебатно издание на емисијата „360 степени”, во кое гостува Гордана Димитриеска-Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ, се емитува вечерва (18 март 2024 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Гордана Димитриеска-Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ, која гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, ја прашуваме – зошто ја нема меѓу носителите на пратенички листа за претстојните парламентарни избори и какви резултати очекува од нив. Каков министер за финансии е Фатмир Бесими и дали констатацијата дека „владата на СДСМ и ДУИ не турна во фискална провалија“ е пресилна – се, исто така, прашања до потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, која главно покрива теми од областа на финансиите и економијата. Со Димитриеска-Кочоска разговараме и за тоа дали растот на просечната плата, со што се гордее власта, е нешто што треба да и се признае како постигнување и каков однос би имала десничарска влада на ВМРО-ДПМНЕ кон темата за минимална плата како левичарска мерка. Платите на функционерите и пензиите се неизоставни теми во интервјуто.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.