Новото издание на емисијата „360 степени”, во кое гостува пратеникот и претседател на Централното собрание на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, се емитува вечерва (25 декември 2023 г.) од 20:50 часот на МРТ 1
Со Зијадин Села, пратеник и претседател на Централното собрание на Алијанса за Албанците (АА), партиското тело кое ги носи клучните одлуки меѓу два конгреса на АА, во еден од ретките медиумски настапи откако се повлече од лидерското место, разговараме за тоа дали партијата донесе правилна одлука кога пред околу десет месеци влезе во Владата на СДСМ и ДУИ (на премиерот Ковачевски). Тема се и опциите за настап на претстојните избори – самостојно или во коалиција (само со ДУИ или и со СДСМ и партнерите). Села го прашуваме и како ги разбира повиците од „Европски сојуз за промени“ до лидерот Таравари и до членството на Алијанса да му се приклучат на опозицискиот блок. Колку наводите за анимозитет на релација Села – Таравари се базирани на реална ситуација, слушнал ли за иницијатива сите партии на Албанците да потпишат декларација со која ќе кажат дека по изборите нема да влезат во влада која нема да си постави рок за носење на уставните измени, како ќе „играат“ на изборите за шеф на државата – се, исто така, меѓу темите во интервјуто.
Емисијата се емитува од 20:50 часот на МРТ 1.