Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува поранешниот претседател на државата Стево Пендаровски, се емитува вечерва (1 јуни 2026 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Дали погрешија како тогашна влада и шеф на државата со тоа што го прифатија т.н. француски предлог – е едно од прашањата до експретседателот Стево Пендаровски, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Дали Македонија повторно се разминува со историјата, што мисли за предлогот на Фридрих Мерц и за идеите за постепено пристапување на државите кандидати, дали Црна Гора е првата идна членка на ЕУ – се меѓу темите за кои разговараме со Пендаровски. Го прашуваме и зошто е критичен кон поддршката од власта за надворешнополитичките потези на Доналд Трамп (ако САД се нашиот стратешки партнер) и зошто генерално го критикува владеењето на ВМРО-ДПМНЕ – заради политичка поза или има аргументи за тоа. Разговараме за т.н. шпионска афера во кабинетот на претседателката на државата и најавата за спојување на АНБ и АР. Неизбежни во интервјуто се состојбите во СДСМ и евентуалното реактивирање на Пендаровски во политиката.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.
