Новото издание на информативно-аналитичкиот магазин „360 степени” се емитува вечерва (11 јуни 2026 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Теми за ова издание на емисијата:
– граѓаните на Македонија потрошиле 73 милиони евра за лични документи за пет години (2021-2025), а во истиот период државата платила 30 милиони евра кај фирмата што ги изработува обрасците – истражување на Центарот за граѓански комуникации; иако сумите се големи, а парите се на граѓаните, не може да се дојде до информации колку обрасци се нарачани или дали и кога е продолжен договорот со германската компанија;
– за три крупни одлуки кои требаше, но Собранието сè уште не ги донело – анализа;
– за нон-пејперот на германскиот канцелар и францускиот претседател и за изјавата на Мицкоски дека е задоволен од средбите со Мерц и Макрон во Тиват, но и дека не отстапува ни милиметар од позицијата за уставните измени – интервју со амбасадорите на двете водечки членки на Унијата, Петра Дрекслер и Кристоф ле Риголер; „дури и да сте на врвот на ранг-листата, ако не учествувате на Олимписките игри, не можете да освоите медал“;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.
