Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува потпретседателот на ДУИ и ексминистер во повеќе ресори, Бујар Османи, се емитува вечерва (15 јуни 2026 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Мал политички земјотрес предизвикува пораката на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во која вели: „Нема да останам засекогаш претседател на партијата. Сакам да се приклучам на ветераните“. Во многу кругови таа се толкува како најава на Ахмети за повлекување од лидерското место. Дали е правилно ова читање – е едно од прашањата до потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Разговараме за потентноста на ДУИ две години откако не е дел од централната власт и половина година откако ја загуби градоначалничката битка со ВЛЕН во клучните општини за Албанците. Тема се и прашањето за полагање на правосудниот испит на албански јазик, како и предлог-законот за соодветна и правична застапеност, кој треба да биде замена за т.н. „балансер“. Со човекот што беше на чело на дипломатијата во 2022 година, кога стигна т.н. француски предлог, разговараме и за блокираниот европски процес.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.
