Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (24 април 2025 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание донесуваме:
- Уставен суд тргна кон укинување или поништување на методологијата според која беше спроведен последниот попис – во прашање ли се и резултатите од пребројувањето;
- Реакции за препораката од Антикорупциска за допрецизирање на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер – се поткопува улогата на ДКСК и се отвора простор за нови коруптивни злоупотреби, особено кај јавните набавки;
- По изјавите на еврокомесарката Марта Кос дека Црна Гора и Албанија до 2029 година ќе бидат подготвени за членство во ЕУ – интервју со Флоријан Бибер, професор на Универзитетот во Грац, Австрија;
- Треба ли да се укине Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) како што заклучи Владата – што мислат опозицијата и експертите;
- „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.