Новото дебатно издание на емисијата „360 степени”, во кое гостува Билал Касами – прв човек на Движењето Беса и еден од лидерите на коалицијата на опозициски партии кај Албанците, се емитува вечерва (12 февруари 2024 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повеќепати повторува дека по избори за партнер ја преферира опозициската коалиција кај Албанците, па дали и вие ја преферирате ВМРО-ДПМНЕ – е едно од прашањата до Билал Касами во разговорот за „360 степени“ на МРТ 1. Со првиот човек на Движењето Беса и еден од лидерите на коалицијата на опозициски партии на Албанците разговараме за поделбите во Алијанса за Албанците, за формата на соработка со Арбен Таравари, колку е единствена хетерогената опозициска коалиција „Европски сојуз за промени“, кои ќе бидат носители на пратенички листи а кој кандидат за претседател на државата, со кој ќе преговара идниот мандатар ако ги сака за партнер(и) во новата влада, зошто избраа политички да му се потчинат на Албин Курти, каков им е ставот за уставните измени при формирање на идна влада…
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.