Во нападот биле вклучени водни дронови „магура“, а се случил во Црното Море во близина на градот Алупка на окупираниот полуостров Крим, пренесува украинскиот медиум

Украина денеска нападна и уништи руски воен брод во Црното Море, вели претставник на украинската одбрана за Си-ен-ен.
„На 14 февруари, одбранбеното разузнавање на Украина, во соработка со сите компоненти на безбедносните и одбранбените сили на Украина, го уништи големиот десантен брод ‘Цезар Куников’ од црноморската флота на агресорската држава Русија. Успешната мисија беше спроведена од специјалните сили на групата 13 на одбранбеното разузнавање на Украина“,
наведуваат од одбранбено разузнавање на Украина, пренесува „Украинска правда“.
В Чорному морі щось палало. Джерела УП в ГУР кажуть, що підбили черговий корабель ЧФ РФ. Він нібито затонув. Відео з Telegram-каналу “Кримський вітер” pic.twitter.com/00ebSlZ7BM
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) February 14, 2024
Според украинскиот медиум, во нападот биле вклучени водни дронови „магура“, а се случил во Црното Море во близина на градот Алупка на окупираниот полуостров Крим.
„Како резултат на нападот со водни дронови направени се дупки во бродот и ‘Цезар Куников’ почна да тоне. Симболично е што рускиот офицер по кој е именуван бродот беше убиен пред точно 81 година, на 14 февруари“,
пренесува „Украинска правда“.
Украинските медиуми објавија неколку видеа кои покажуваат како се издигнува чад од морето покрај јужниот брег на Крим, како и хеликоптери кои летаат над морето.
Засега нема коментар од Русија, која претходно кажа дека биле соборени шест дрона над Црното Море.
Украинската војска веќе почна да споделува снимки од нападот врз бродот.