Од жителите на тешко погодените области сега се бара да штедат вода и храна поради стравувањата од недостиг откако Нов Зеланд прогласи национална вонредна состојба поради циклонот, третпат во својата историја

Циклонот Габриел денеска ослабна и се оддалечи од Нов Зеланд, а земјата почна да ги проценува штетите предизвикани од поројните поплави, одроните од кал и силните ветрови во кои загинаа три лица, а илјадници беа принудени да ги напуштат своите домови.
Габриел, циклонот што стигна до Нов Зеланд во неделата пред да се пресели по источниот брег на Северниот Остров, отсече цели градови, однесе фарми, мостови и добиток и потопи куќи, пренесоа светските агенции.
„За среќа, поминавме низ најлошото невреме, но сè уште не сме надвор од опасност“,
рече министерот за управување со вонредни состојби Киеран Меканулти за време на брифингот за медиумите.
Cyclone Gabrielle lashed New Zealand, causing extensive flooding, landslides and damage to infrastructure and prompting the country to declare a national state of emergency for only the third time in its history https://t.co/Ali5GD4tVM pic.twitter.com/CFqZ7vXZ0k
— Reuters (@Reuters) February 14, 2023
„Ова е голема катастрофа и ќе бидат потребни неколку недели за да закрепнат оние области што се најпогодени… Во ова сме на долг рок“,
рече министерот.
Од жителите на тешко погодените области сега се бара да штедат вода и храна поради стравувањата од недостиг откако Нов Зеланд прогласи национална вонредна состојба поради циклонот, третпат во својата историја.
Делови од новозеландскиот Северен Остров, дом на околу 75 отсто од петте милиони жители на земјата, ја доживуваат втората голема бура во последните недели. Рекордните дождови минатиот месец предизвикаа поројни поплави, а четири лица го загубија животот.
Екипите за итни случаи вчера пронајдоа тело за кое се верува дека е на пожарникар доброволец кој исчезна во неделата вечер по лизгање на земјиштето на плажа во близина на најголемиот град во земјата, Окленд, соопштија властите. Потврдено е дека уште две лица се мртви во заливот Хок, регион на источниот брег на Северниот Остров. Властите проценуваат дека досега се раселени повеќе од 10 000 луѓе.
New Zealand says Cyclone Gabrielle caused destruction “not experienced in a generation,” forcing it to declare a national emergency for only the third time in the country’s history. pic.twitter.com/YuXnzu37jW
— DW News (@dwnews) February 14, 2023
Хеликоптери ги превезуваа луѓето што беа заглавени на покривите на безбедно, додека воените авиони ќе се користат за испорака на основните материјали во изолираните градови, рече Меканулти.
Метеоролошката служба соопшти дека циклонот Габриел сега се наоѓа на исток од земјата и продолжува да се движи подалеку од Северниот Остров, а времето сега се подобрува. Сепак, реките во заливот Хок остануваат ризик и локалната управа за вонредни состојби нареди понатамошна евакуација рано денеска. Околу 225 000 луѓе на островот останаа без струја, што го отежнува чистењето.
New Zealand has declared a National State of Emergency as Cyclone Gabrielle has caused widespread flooding, landslides, and ocean swells across the island.
— Sophia Lambert ?? (@DV16FDS5V) February 14, 2023
Brookfield bridge in Hastings washed away. pic.twitter.com/EWEV8nulc0
Силни ветрови и обилни дождови го погодија Северниот Остров, дом на повеќе од три четвртини од петте милиони жители на земјата, ноќта меѓу понеделникот кон вторникот, предизвикувајќи поплави и лизгање на земјиштето.
Премиерот Крис Хипкинс го нарече Габриел „најзначајниот временски настан што се случи во Нов Зеланд во овој век“, а беше прогласена национална вонредна состојба на една недела.