Министерката за образование и наука, Мила Царовска, во вечерашната дебата на „360 степени“ зборуваше за деталите околу новата концепција за реформите во основнот образование.
На прашањето дали тоа што по неколку предмети ќе се спојуваат во една гранка како општествени науки или природни науки, значи и дека одредени наставници ќе останат без работа, Царовска вели дека такво нешто не може да се случи.
„Никако. Во нашиот образовен систем има недостаток на наставен кадар. Јас тоа одговорно го тврдам, затоа што кога ќе се реорганизираат, бројот на часови останува ист. Дополнително се добиваат изборни предмети, дополните воннаставни содржини“,
рече Царовска.
Додава дека и споените предмети ќе останат да ги предаваат истите наставници. На пример по природни науки ќе предаваат наставници по билогија, физика, хемија, а по општествени науки, наставници по граѓанско, историја, географија.
„Тие заеднички како колектив ќе треба да разговараат на кој начин може да ги пренесат темите најдобро и како учениците да стигнат до посакуваните национални стандарди“,
рече Царовска.