Жената која го направила овој потег е, всушност, вработената во телевизијата Марија Овсијаникова, која била приведена во полиција и во моментов е на распит
Во вестите на една од најгледаните телевизии во Русија, Канал 1 (до 2002 година позната како Руска јавна ТВ) вечерва се случи герила акција, при што зад презентерката која ги читаше вестите се појави жена со транспарент со порака против војната во Украина:
„Стоп за војната, не верувајте во пропагандата, овде ве лажат“,
е текстот на банерот напишан на рака.
! Russia’s main propaganda “news program” tonight. pic.twitter.com/lrRVnF8LoW
— Christo Grozev (@christogrozev) March 14, 2022
Во објава на Твитер, каде беше објавено и видеото на кое се гледа моментот кога жена со транспарент одеднаш се појавува зад презентерката која ги чита ветите во 21 часот по локално време, се информира дека жената која го направила овој потег е, всушност, вработената во телевизијата Марија Овсијаникова, која била приведена во полиција и во моментов е на распит. Засега нема потврда на овие информации.
На Твитер вечерва се појави и видео на кое Овсијаникова признава дека таа го напраила тоа и изразува жалење што долги години работела на ширење на пропагандата.
„За жал, последните години ги поминав работејќи на Канал 1, ширејќи пропаганда во Кремљ. И јас се срамам“,
вели таа.
Marina Ovsyannikova, Channel One producer who protested on air: “Unfortunately I’ve spent the last years working on Channel One and spreading Kremlin propaganda. And I am ashamed.” https://t.co/QkHjprJfF4
— Andrew Roth (@Andrew__Roth) March 14, 2022
„Каква неверојатна храброст. Останувам оптимист во животот, затоа што огромното мнозинство на хуманост го претставува личноста што мавта со транспарентот, а не псевдоновинарот пред неа“,
се вели во еден од коментарите.
И додека голем број од оние кои коментираат и оддаваат признание за овој храбар чекор, други коментираат дека таа најверојатно ќе плати висока цена за тоа.
„Таа ќе плати висока цена за нејзината храброст. Апсолутно неверојатна храброст!“,
се вели во друг коментар.