Портпаролот на опозициската партија рече дека пратеникот е жртва на сериозен напад. Ова е ден на срам за Парламентот на Турција и за оние кои ја извршија оваа агресија, додаде тој
Пратеник од турската опозиција итно бил префрлен во болница и сместен на интензивна нега во Анкара, откако бил погоден во главата за време на тепачка во парламентот.
Тепачката изби на расправата за државниот буџет за 2023 година.
„Неговата состојба се влоши поради удар во главата. Тој беше на реанимација во болница, а состојбата на 58-годишниот Хусеин Орса Орса од националистичката ‘Добра партија’ е ‘критична’,
изјави за новинарите неговата сопартијка Ајлин Чесур.
Портпаролот на опозициската партија рече дека пратеникот е жртва на сериозен напад. Ова е ден на срам за Парламентот на Турција и за оние кои ја извршија оваа агресија, додаде тој.
На снимките во медиуми, се гледа како пратеникот Орса добива удар од член на владејачката Партија на правдата и развојот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Од владејачката партија досега не го коментираа ова.
Расправиите и размената на удари се честа појава за време на тензичните дебати во турскиот парламент.