Гужва и полициски возила вечерва кај старата градска болница во близина на Собранието во центарот на Скопје. Според првичните информации, дошло до физичка пресметка меѓу две семејства. Од полицијата го потврдуваат настанот.
„Во близина на стара Градска болница дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на членови на две семејства при претходно случена сообраќајна незгода во која, според првичните сознанија, било удрено дете“,
велат од Министерството за внатрешни работи.
А1он објави и видео на кое се гледа зголемениот метеж и интервенција со полициски возила.